Извршниот комиптет на ФИФА во октомври ќе дебатира за промени во системот на позајмици откако претходно ќе има средби со унијата на фудбалери (ФИФпро), Европската клупска асоцијација, Светскиот лига форум и поранешни ѕвезди како Кафу, Бобан, Ван дер Сар и Ван Бастен.
Франс Фудбал пишува дека се заговара пормена на системот за позајмици. Првичната идеја беше со овој ситем да им се дозволи на младите фудбалери да се развиваат во помали клубови, но тој почна да станува злоупотребуван.
Големите клубови купуваат голем број на млади фудбалери кои ги пуштаат на позајмици во помали клубови а потоа ги продаваат за профит без тие ниту еднаш да заиграат за нивниот прв тим.
Според податоците на „Франс фудбал“, Јувентус е клубот кој е лидер во овој бизнис, италијанскиот шампион има дури 41 фудбалер на позајмица оваа сезона, Удинезе 27, Челси 22 и Манчестер Сити 18.
Ваквата трговија со фудбалери не и се допаѓа на ФИФА, па наскоро ќе бидат донесени нови правила за позајмица на играчи.