65
Според
информациите кои пристигнуваат, Шинџи Кагава би можел да се врати во англиската
Премиерлига, и тоа по три години по двете сезони минати во дресот на Манчестер
јунајтед во периодот кога шеф на стручниот штаб на таа екипа беше Дејвид Мојс.
Овој пат,
јапонскиот интернационалец повторно би можел да соработува со Мојс во
Премиерлигата, но во екипата на Вест Хем.
Интересно, Вест
Хем во Евертон има ривал во битката за неговиот потпис.
Офанзивецот има
актуелен важечки договор со бундеслигашот Борусија Дортмунд, но извесно е дека
нема да стави потпис на нов договор.