Пеп саркастичен: Агуеро глумеше (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед за момент го одложи славјето на неговиот градски ривал Манчестер Сити
во освојувањето на титулата во Премиерлигата, совладувајќи го на негов терен со
2-3, иако на полувремето имаше негатива од 2-0.

Домаќините во
пресрет на реванш пресметката со Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на
шампионите имаат еден голем проблем, под знак прашалник за настап е Серхио
Агуеро, врз кого се направи груб старт од страна на Ешли Јанг.

Аргентинецот се
чини дека е неизвесен за настап на реваншот против Ливерпул, а запрашан за тоа
дали тој се соочува со некоја повреда од тој старт, Пеп Гвардиола одговори
саркастично.

Тој глумеше
рече шпанскиот стратег не можејќи да се помири со фактот што судијата Мартин
Еткинсон ја продолжи играта и покрај опасниот старт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани