34-годишниот фудбалер има договор со Атлетико Мадрид до крајот на оваа сезона. Соработката нема да биде продолжена, Торес потврди дека ќе си замине.
„Ова ќе биде моја последна сезона во клубот. Како што можете да видите играм многу малку“, изјави Торес.
„Чувствувам должност да ги информирам фановите. Ова не беше лесна одлука. Многу ми е тешко да се збогувам по втор пат. Мојата цел беше тука да се пензионирам. Но мора да заминам. Сакам да играм уште две, три или пет години“.
Заминувањето на Нандо го потврди и претседателот на Атлетико, Енрике Керезо.
„Фернандо е легенда на нашиот клуб. Вратите на Атлетико Мадрид за него секогаш ќе бидат отворени“, вели тој.
„Отсекогаш сме велеле дека тој треба да ја донесе одлуката за неговата иднина бидејќи ова е негов дом и доколку одлучи да ја продолжил професионалната кариера на друго место следната сезона, можам само да му се заблагодарам за се што има направено за нас, а тоа е многу“.