258
Мароко вечерва со почеток од 22 часот ќе ја почне четвртфиналанта пресметка на Светското првенство против Франција, а во дуелот ќе биде значително ослабена.
Селекторот нема да може да смета на Исмаел Саибари кој не успеа да се опорави навреме од повредата која ја заработи на мечот против Канада.
Лекарскиот тим на Мароко правеше напори да го оспособи за денешниот меч, но не успеа. Саибари не доби зелено светло за настап против Франција.
Тој е најефикасен стрелец на Мароко на досегашниот дел од Светското првенство, постигна три гола и одигра важна улога за пласманот во четвртфиналето.