„Црвените“ гостуваат на Етихад со предност од 3-0, и резултатот од првиот натпревар ги прави фаворит за прогрес во полуфиналето од Лигата на шампионите, но Јирген Клоп не гледа така на работите.
„Не ме интересираат вакви работи, етикети како фаворит и аутсајдер. Се работи за двомеч и ние сме во предност. Немам ништо против тоа, се наоѓаме во многу подобра ситуација отколку што oчекував. Но пред нас е многу работа“ – вели Јирген Клоп.
„Имаме добра шанса да се пласираме во полуфинале, но не мислам дека веќе сме помеѓу четирите најдобри. Во фудбалот секогаш имате шанса да возвратите. Ништо не е готово“.
„Манчестер Сити има фантастична сезона, но за среќа тие се само луѓе. По поразот од нас, загубија и од Манчестер јунајтед. Но Манчестер јунајтед имаше среќа, во првото полувреме Сити можеше да постигне 5-6 гола, или пак требаше да даде барем четири. Но потоа се отвори вратата, Манчестер јунајтед е доволно силен и успеа да слави“.
„На првиот натпревар со Сити во Премиерлигата загубивме со 5-0, сите тогаш видоа со каков квалитет располагаат „Граѓаните“, без разлика што игравме со играч помалку. Беше јасно уште пред да почне сезоната, со сите играчи кои ги донесоа. Знаеме дека Пеп е најдобриот тренер во светот, па беше јасно дека ќе имаат извонредна сезона. Но нема перфектен тим. Имате моменти, ситуации, денови или неколку минути. Тие беа најконзистентни и затоа ќе бидат шампиони на крајот од сезоната. Знаев дека се ранливи во одбраната, дека можат да примат гол, и кога примате голови можете да загубите“.