74
Ерера имаше забележителна улога во триумфот, токму по негова асистенција со гради Погба го постигна првиот гол и го најави пресвртот.
Но камерите уловија еден интересен момент, Ерера одејќи накај соблекувалната го плукна грбот на Манчестер Сити кој се наоѓаше на подот.
Портпаролот на Јунајтед демантираше дека фудбалерот намерно го направил тоа.
„Андер ја виде снимката од инцидентот и е згрозен од написите дека неговиот потег бил намерен. Апсолутно немаше намера во тоа што го направи“, вели портпаролот.
Дали беше намерно, проценете сами:
Herrera escupiendo el escudo del City pic.twitter.com/kZZ4gdKdJI
— 《M》 (@martinortiz97) April 7, 2018