Вардар среде Скопје е поразен од КуПС!

by riste
1 минути читање

Вардар се претстави во лошо издание на стартот од квалификациите за Лигата на шампионите, црвено-црните среде Скопје загубија со 0-2 од финскиот КуПС.

Македонскиот шампион одигра под очекувањата на навивачите, Вардар изгледаше немоќно пред КуПС и заслужено го загуби мечот.

Во првиот дел црвено-црните имаа само еден шут од далечина на Закариќ кој беше лесен плен за голманот на финскиот тим.

Во финишот од првиот дел по еден корнер, Талески исплива, топката дојде до осамениот Магаса кој лесно ја смести во мрежата за водство на КуПС од 1-0.

По само четири минути игра во вториот дел веќе беше 2-0 за гостите, голот го постигна Армах.

Во 62. минута Босанчиќ влезе во игра, а десетина минути подоцна беше исклучен. Вардаровиот фудбалер за три минути доби два жолти картони, мисијата на црвено-црните стана невозможна.

До крајот на мечот Вардар се бранеше, КуПС беше поактивен и беше блиску до поубедлива победа. Талески имаше една одлична интервенција со која спаси поголем пораз.

Реваншот меѓу Вардар и КуПС е за седум дена во Финска, но судејќи според денешниот меч, на црвено-црните им треба големо чудо за да ја анулираат негативата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×