Интер промашуваше, Торино си освои три бода (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на Спалети одиграа одлично на Сан Сиро во средата против Милан, имаа неколку добри шанси за гол, но на крајот мораа да се задоволат само со бод.

Слична бешо и денешното издание на Интер на гостувањето кај Торино, но овој пат за промашувањата гостите беа казнети и со голот на Љајиќ, „Биковите“ стигнаа до победа од 1-0, прва над Интер на домашен терен во последните 24 години.

Интер одлично го започна натпреварот, Перишиќ ја имаше првата голема шанса откако Сиригу лошо расчисти една нафрлена топка, но Хрватот биеше право во голманот. Чуварот на мрежата на Торино реагираше многу подобро при обидот на Икарди, кој од корнер закачи волеј под пречката, но Сиригу со одличен рефлекс спречи водство на гостите.

Голманот потоа имаше уште неколку солидни интевенции и ги одбрани двата удари од далечина на Кандрева. И во моментите кога Интер силно притискаше, домаќините поведоа. По една брза контра, Перишиќ во обид да му ја избие топката на Белоти само перфектно му додаде на Де Силвестри, кој потоа го проигра осамениот Љајиќ на подалечната статива за 1-0. Пред финишот на првиот дел, Торино по втор пат ја затресе мрежата на „Нероаѕурите“, но голот на Фалке беше поништен поради офсајд.

Интер продолжи да напаѓа во вторите 45 минути, Сиригу го одбрани ударот на Шкринијар од прекин, а обидот на Миранда беше расчистен од гол линијата. И нововлезениот Рафиња се закани, но неговит шут заврши во стативата. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×