Дали барате место за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Најдобриот букмејкер агент ви го дава решението.
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид: Двата тима даваат гол
Во големото дерби на Мадрид, Реал на Сантијаго Бернабеу го пречекува Атлетико во натпревар кој практично е битка за второто место. „Колчонероси“ во последните 20 години само еднаш имаат завршено пред „Кралевите“ на табелата и во пресрет на овој меч имаат четири бода повеќе. Зинедин Зидан го победи Атлетико на Висенте Калдерон и еднаш на Бернабеу во Лигата на шампионите, но се уште нема триумф на домашен терен во првенството. Ова ќе му биде трет обид, откако загуби 0-1 кратко по превземањето на кормилото, а потоа одигра и 1-1 минатата година. Симеоне пак може да се пофали со три победи и едно реми во последните четири гостување на Бернабеу во првенството, но и покрај ваквата статиска, Реал е голем фаворит. Двата тима имаат обврси во Европа, па останува да се види какви промени во составите ќе направат двајцата тренери. Првата пресметка оваа сезона на Ванда Метрополитано заврши 0-0 но се очекува овој дуел да биде многу повозбудлив со оглед на тоа дека двата тима играат во одлична форма и имаат расположени фудбалери во своите редови. Кристијано Роналдо со два гола против Јувентус во Торино ја потврди својата страшна голгетерска форма, а по доаѓањето на Диего Коста, и Антоан Гризман редовно ги тресе противничките мрежи.
Милан – Сасуоло: Победа на домаќинот
По петте триумфи во низа, „Росонерите“ доживеаја пораз од Јувентус и одиграа реми со Интер, па сега заостануваат осум бода зад местата кои водат во Лигата на шампионите. Но и покрај тоа Џенаро Гатузо се уште верува во топ четири пласман и сака со три бода против Сасуоло да им се вратат на победите. Гостите се очајни во 2018, имаат само една победа оваа календарска година, а за гостувањето на Сан Сиро имаат и одредени проблеми при составувањето на тимот. Адџапонг и Мањанели се суспендирани откако во минатото коло заработија црвени картони, додека пак Берарди и Голданига се под знак прашалник поради повреди. Гатузо има проблем само со десната бековска позиција, Конти мораше одново да биде опериран, Абате се уште е повреден, па Калабрија е единствената опција. Сасуоло е кошмар за Милан изминативе сезони, со четири победи на девет натпревари, но тоа најмногу се должи на Берарди, кој има осум гола и три асистенции зад своето име на осум пресметки со „Роосонерите“. Милан ги доби последните три дуели со Сасуоло, два во гости и еден пред своите фанови. Натпреварот на Сан Сиро беше особено возбудлив, Сасуоло водеше со 1-3 но Милан направи голем пресврт и на крајот триумфираше со 4-3.
Доколку сакате да го допрете врвот можете да се обложувате во обложувалници без лимит и со високи влогови преку VIP платформа за обложување.
Челси – Вест Хем: Повеќе од 2,5 погодока
Во уште едно дерби на Лондон, Челси го пречекува Вест Хем и ќе се обиде да се опорави по историскиот пораз од Тотенхем во минатото коло. „Сините“ и речиси да немаат шанси за топ четири пласман, но сигурно нема да се предадат, додека пак „Чекените“ се на само +5 во однос на зоната за испаѓање и секој бод е добредојден. Вест Хем го доби првиот меѓусебен дуел оваа сезона, но нема многу успех кога се во прашања дуелите на Стемфорд Бриџ. Последен пат тука триумфираа во 2002, а Челси нема пораз на последните 11 натпревари во Премиерлигата поротив Вест Хем (8 победи и 3 нерешени резултати) на домашен терен. Но Челси долги години немаше пораз на домашен терен и од Тотенхем, па „Спарси“ со 1-3 триумфираа минатаат недела и само ја продлабочија кризата на „Сините“ кои имаат пет порази на последните седум натпервари во Премиерлигата, а доживеаја и елиминација од Лигата на шампионите. Кога се ќе се собере, Челси е голем фаворит и се освен триумф на домаќините ќе биде изненадување. На пет од последните шест дуели на овоие два тима, имало најмалку три погодоци, а на исто толку натпревари се треселе и двете мрежи, па за очекување е уште еден ваков меч.
Борусија Дортмунд – Штутгарт: Двата тима даваат гол
„Милионерите“ ќе сакаат што побрзо да го заборават дебаклот на „Дер Класикер“ и со солидно издание против Штутгарт да им се вратат на победите. Популарните „Шваби“ имаат девет порази на гостувањата оваа сезона, но тоа беше пред на клупата да седне Тајфун Кокут, кој донесе пет победи и три нерешени резултати со кои Штутгарт сега се наоѓа на комфорно место на средината од табелата. Дортмунд пак останува во топ четири пласман, но нема право на нов кикс, бидеји РБ Лајпциг, Баер Леверкузен и Ајнтрахт Франкфурт се веднаш зад нив. На првиот натпревар оваа сезона, Штутгарт победи со 2-1, а кога овие два тима играат, по традиција има голови. Дури на девет од последните десет меча паднале барем три гола. Последниот натпревар на кој немало гол бил во 2012. Исто така, многу често се тресат двете мрежи. Дури на 17 од последните 20 пресметки паѓал по барем еден гол на двете страни. Со оглед на тоа дека Батшуаји и Гомез се во добра голгетерска форма, Белгиецот има шест гола на последните осум натпревари а Германецот исто така може да се пофали со шест гола по враќањето во Штутгарт во зимскиот преоден рок, па љубителите на фудбалот и денес треба да видат погодоци на Сигнал Идуна Парк.
Бидете број 1 во обложувачкиот свет и отворете обложувачка сметка со најдобриот Азиски брокер за обложување.