Зидан пресече, нема „пасиљо“ за Барса, еве ја причината

by
1 минути читање

Во Шпанија има
обичај тимот кој игра против новокрунисаниот шампиoн да приреди „пасиљо“ и да го
почести противникот со гарда при излезот на теренот.

Барселона на 6.
мај го пречекува Реал Мадрид, постои можност „Каталонците“ да ја освојат
титулата пред овој натпревар, па Зинедин Зидан на денешната средба беше
запрашан за еден ваков потег.

„Нема да го
сториме тоа, јас пресеков и одлучив да нема „пасиљо“
– истакна Французинот, кој посочи
дека се решил на еден ваков чекор бидејќи Барса била таа која ја прекршила
традицијата.

Зинедин Зидан
мисли на потегот на Барса да не приреди „пасиљо“ на првото дерби на Сантијаго
Бернабеу, кога Реал ја освои титулата од Светското клупско натпреварување.

„Каталонците“
одбија да го почестат новиот светски шампион со гарда со образложение дека Реал
ја освоил титулата во натпреварување во кое тие не учествувале.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани