191
Мануел Куестас, Ибрахим Оласебикан и Или Зибери ќе бидат испратени на позајмица, потврдија од Вардар.
Мануел Куестас оди на едногодишна позајмица во црногорскиот клуб ФК Језеро. Тој денеска ќе се приклучи на подготовките на овој тим.
Голманот Или Зибери во новата сезона ќе го брани голот на Тетекс.
На позајмица ќе замине и Ибрахим Оласебикан, уште не се знае во кој клуб, заинтересирани се ФК Скопје и Арсими.