Египет за прв пат во својата историја слави во нок-аут фазата, совладана Австралија на пенали (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Египет се пласираше во осминафинале на мундијалот во САД, вечерва „фараоните“ на пенали ја совладаа Австралија за големо славје во Арлингтон, Тексас.

Египет за прв пат во својата историја доби натпревар во нок-аут фаза на Светското првенство, вечерва Мо Салах и дружината на пенали беше подобра од Австралија.

Популарните „фараони“ подобро го отворија натпреварот и поведоа преку Ашур во 13. минута.

Но Австралија потоа наметна игра и изедначи по десетина минути игра во второто полувреме, Хани си ја затресе сопствената мрежа за 1-1.

Двете страни потоа имаа свои шанси, но не ги реализираа, па натпреварот замина во продолженија, а потоа и на пенали.

Фудбалерите на Австралија покажаа несигурност во ударите од белата точка, Херингтон ја погоди стативата, Сутар ја испрати топката високо на трибини, а играчите на Египет не погрешија, па славјето во Арлингтон можеше да почне.

ФОТО: X/FIFA World Cup

Можно е и ова да ти се допаѓа

×