Арсенал и Лацио постигнаа по четири гола, победи за Атлетико и Лајпциг (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Арсенал, Атлетико
Мадрид, Лацио и РБ Лајпциг го искористија домашниот терен за да забележат
победи во првите натпревари од четвртфиналето во Лига Европа.

„Топчиите“ на Емирати со 4-1 триумфираа над ЦСКА Москва. Сите голови паднаа во
првиот дел, Рамзи и Лаказет во два наврати се запишаа во листата на стрелците,
а за гостите еднаш погоди Головин.

Спортинг на
нашиот Стефан Ристовски два пати капитулираше на Ванда Метрополитано. Коке
донесе 1-0 по само 25 секунди, а Гризман пред финишот на првито дел погоди за
триумф од 2-0 на Атлетико Мадрид.

Лацио со 4-2 ја доби
пресметката со Салцбург, кој имаше одлични 2-2 во 71. минута, но потоа
потклекна и во период од 120 секунди „Бјанкочелестите“ преку Андерсон и Имобиле
си обезбедија солидна предност за реваншот.

РБ Лајпциг со
минимално водство од 1-0 ќе патува следната недела за Марсеј благодарејќи на
голот на Вернер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани