За можноста Герет
Бејл да го напушти Мадрид се пишува подолго време, минатото лето Жозе Мурињо
отворено флертуваше со играчот, Зинедин Зидан не се противеше на идејата фудбалерот
да биде продаден за да се отвори место за Килијан Мбапе, но Велшанецот реши да остане.
Последните
информации велат дека Герет Бејл и Реал Мадрид сепак ќе се разделат ова лето, а
причина е тоа што пукнала тиквата помеѓу фудбалерот и тренерот Зинедин Зидан.
Доказ за ова се случувањата во Торино, каде Герет Бејл од
клупата за резерви го проследи дуелот со Јувентус во четвртфиналето и ова беше прв пат Велшанецот,
кога е здрав, да не одигра ниту една минута на натпревар од Лигата на
шампионите по преселбата во Мадрид во 2013.
Зинедин Зидан
реши во стартниот состав да му укаже шанса на Иско и покрај тоа што Герет Бејл
постигна два гола против Лас Палмас, а го „заборави“ и при замените. Лукас
Вазкез, Марко Асенсио и Матео Ковачиќ влегоа во игра во второто полувреме.
Љубовта помеѓу
Зизу и Бејл ирнонично завршила на 14. февруари. Тој ден, Велшанецот доби шанса
од клупата против ПСЖ и одигра 22 минути во победата од 3-1. Разочарн од ова,
Бејл беше единствениот играч кој не остана на теренот за со аплауз да ги
поздрави фановите. Камерите го уловија капитенот Серхио Рамос како бара од
Велшанецот да остане, но тој се упати право во соблекувална.