112
Босанскиот
напаѓач Един Џеко се пожали на арбитражата на холандскиот судија Дени Макелие,
а истото го стори и шефот на стручниот штаб, Еусебио Ди Франческо, кој издвои
дека неговите избраници, а воедно и судиите од средбата и помогнале на
Барселона да дојде до победа од 4-1 на Камп Ноу и речиси сигурен пласман во
полуфиналето од Лигата на шампионите.
„Одигравме
солиден меч, а сепак доживеавме убедлив пораз. И помогнавме на Барселона со два
автогола, но им помогна и судијата на мечот, резултатот воопшто не ја отсликува
реалноста од мечот, но, не се предаваме, почит за Барселона, но мислам дека
судиите нема потреба вака да и помагаат“ изјави тој.