Клоп со прва прогноза за повредата на Салах

by
1 минути читање

„Црвените“
пружија извонредна партија против Манчестер Сити, му дадоа три гола на
противникот, но одиграа одлично и во одбрана, „Граѓаните“ немаа ниту еден шут
во рамките на голот.

Сепак, фановите
се загрижени од повредата на Мохамед Салах, кој мораше да го напушти теренот на
почетокот од второто полувреме.

Египјанецот се
жалеше на болки во препоните, најпрво доби лекарска помош покрај аут линијата,
а потоа се упати директно во соблекувалната.

По крајот на
мечот, Јирген Клоп беше запрашан каква е ситуацијата на Мо Салах и дали
навстина се работи за повреда на препоните а Германецот одговори: „Се надевам
дека не е…. Разговорав со него по последниот свиреж на судијата и ми рече
дека се е во ред, дека се чувствува добро
.

„Се надевам дека
навистина е така, но треба да почекаме и да видиме
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани