144
„Црвените“ со фуриозни 30 минути му нанесоа пораз од 3-0 на Манчестер Сити и обезбедија солидна
предност за реваншот на Етихад.
Салах го отвори резултат во 12. минута по едно невнимание на Вокер. Окслејд
Чемберлејн потоа испрати проектил од далечина за 2-0, а пеколниот половина час
заврши со гол со глава на Мане.
Ливерпул во
продолжението од мечот без многу проблеми ги сопираше сите налети на Манчестер
Сити, но домаќините се загрижени од повредата на својот најдобар играч, Мо
Салах.
Египјанецот се пожали на бола во препоната и предвреме го напушти мечот, па сега
Клоп нервозно ќе ги чека вестите за сериозноста на повредата.