„Каталонците“ со
една нога се помеѓу четирите најдобри во најелитното европско натпреварување.
Вечерва пред своите фанови, Барса триумфираше со 4-1 над Рома.
Гостите сосема
солидно одолеваа се до пред финишот на првиот дел кога Де Роси во обид да
пресече едно додавање до Меси си постигна ефектен автогол.
На стартот од
вториот дел, Алисон одново беше совлада од сопствен играч, овој пат Манолас ја
затресе сопствената мрежа. Во 59. минута веќе беше 3-0. Жерард Пике се најде
осамен во петерецот и еден „отпадок“ го претвори во гол.
Џеко во 80. минута колку толку ја врати надежта кај гостите и намали на 3-1, но
во финишот од мечот Суарез постигна гол во Лигата на шампионите по година дена (последен пат погоди во март 2017)
и донесе победа од 4-1.