Уште една ноќ во
Лигата на шампионите помина во знакот на Кристијано Роналдо, ЦР7 демонстрираше
зошто важи за еден од најдобрите, ако не и најдобар во историјата на фудбалот.
Но ваквите
постигнувања не се случајни, зад формата стои голем вложен труд, многу внимание
и секако советите од Зинедин Зидан.
Французинот уште
откако го превзеде кормилото на Реал Мадрид почна да го одмара Кристијано
Роналдо, кој претходно не сакаше да слушне за прескокнување натпревар. Зинедин
Зидан успеа да го убеди ЦР7 дека во овој дел од неговата кариера е многу важно
да остане свеж за клучните пресметки.
Зизу исто така
успеа да го убеди Португалецот дека мора ја промени позицијата за и во иднина
да биде на врвот. Па Кристијано Роналдо добива нова улога, повеќе игра како
калсичен шипиц и задача му е да биде убинствен кога ќе се најде во противничкиот
шеснаесетник.
За оваа адаптација,
Зинедин Зидан бара од Карим Бензема да жртвува дел од својата игра, да работи
понапорно за тимот и пред се за Кристијано Роналдо, и да отвара простор за
својот колега. Затоа тренерот на Реал секогаш скока во одбрана на својот
сонародник и вели дека нема подобар напаѓач и покрај тоа што бројките зад името на Бензема се очајни.
За новата улога
на ЦР7, фитнес тренерот Антонио Пинтус има разработено специјален
план. Цлта е да се подобри експлозивноста на играчот на кратки дистанци.
Кристијано е свесен дека како одминува времето тој ќе ја губи крајната брзина,
како што тоа се случи и со Усеин Болт, но затоа пак може да има брзина и
експлозивност на мал простор и секако, моќните скокови со кои доминира во воздушните дуели. За ова се задолжени специфичните вежби за секоја мускулна група
подготвени од професорот Пинтус. Работа во базен исто така е важен дел од
рутината, особено возење велосипед во вода.
Важен дел е и
исхраната. Роналдо не конзумира алкохол, шеќер и чоколади. Лебот мора да е
интегрален исто како и тестенините. Покрај строгата диета тој користи и
суплименти кои му помагаат да стигне до перфектен број калории неопходни за две
тренинг сесии во текот на денот.