Вечерва се игра
уште една мега пресметка во четвртфиналето од Лигата на шампионите, по онаа
синоќа помеѓу Јувентус и Реал Мадрид каде гостите славеа со 0-3, вечерва
Ливерпул на домашен терен го пречекува Манчестер Сити.
Претходната
пресметка помеѓу овие две екипи, во Премиерлигата заврши со победа од 4-3 за
Редсите во еден неверојатен меч, па сите се во исчекување на уште една трилер
средба.
Според
информациите, Пеп Гвардиола нема да ризиква со Кун Агуеро, Аргентинецот ќе биде
штеден и во дербито со Манчестер јунајтед претстојниов викенд, за да биде
подготвен за реванш пресметката со Ливерпул.
Агуеро се уште се
рехабилитира од повредата со која се здоби претходно, а Гвардиола истакна дека
му претходи уште мал период рехабилитација, отвори можност да биде подготвен за
дуелот со јунајтед.
„Тој е многу
подобар од претходно, но лекарските екипи зборуваа со него и рекоа дека се уште
не е перфектно подготвен, се надевам дека ќе биде подготвен за мечот во сабота“
истакна Гвардиола.