182
Евертон веќе ги
доставил плановите за тоа како ќе изгледа новиот стадион на кој оваа екипа
планира да се префрли, а според информациите кои пристигнуваат од таму, се вели
дека планот е да се направи и трибина како онаа на „Жолтиот ѕид“, која секако,
ќе биде за најверните навивачи на клубот, нешто слично како онаа на фановите на
Борусија Дортмунд, стрмна трибина.
„Нашиот план е да
направиме голема и долга домашна трибина на јужниот дел од стадионот, нешто
слично со „Жолтиот ѕид“ на Борусија Дортмунд“ рече Ден Мојс, еден од главните
архитекти на овој проект кој додаде дека истата ќе има капацитет да собере од
12 до 15 илјади навивачи на Евертон.

