Иранската фудбалска репрезентација се соочи со неочекувани проблеми пред заминувањето за Сиетл, откако капитенот Мехди Тареми и помошник-селекторот Саид Алхоеи наводно биле запрени од американските власти на аеродром.
Според информациите што ги пренесуваат медиумите, остатокот од националниот тим моментално го чека разрешувањето на ситуацијата пред да го продолжи патувањето кон САД.
Засега не се познати официјалните причини поради кои Тареми и Алхоеи биле задржани, а од иранскиот фудбалски сојуз сè уште немаат објавено дополнителни детали за случајот.
Инцидентот доаѓа во чувствителен момент за иранската селекција, која се подготвува за претстојните обврски, а евентуалното доцнење може да влијае на планираните активности на тимот во Сиетл.
Иранците по две кола имаат два бода и во последното коло против Египет ќе играат за место во следната фаза, тој натпревар е закажан за в сабота од пет часот наутро по средноевропско време.