Второ засилување во Кавадарци: Тиквеш потпиша со младински репрезентативец!

by Стефан
1 минути читање

Тиквеш денеска го потврди второто засилување за новата сезона и тоа Теодор Николовски кој пристигнува од Работнички.

Дваесетгодишниот играч од средниот ред е и стандарден репрезентативец на Македонија во генерацијата до 21 година за која запиша девет настапи.

За Николовски ова ќе биде трет ангажман во македонскиот фудбал, откако покрај настапите за Работнички, претходно како позајмен фудбалер беше дел и од Осогово.

Во сезоната што измина, Николовски одигра 26 натпревари во Првата македонска фудбалска лига и забележа три асистенции, додека во Купот на Македонија двапати се запиша меѓу стрелците.

Пред ангажманот на Николовски, Тиквеш го обезбеди и потписот на голманот Марко Алчевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×