„Спарси“ прават сериозни напори за ангажман на Сандро Тонали, се верува дека Италијанецот му дал збор на Тотнем, но може веднаш да ги одбие доколку доби понуда од локалниот ривал Арсенал.
Изминативе денови често се пишува за можноста Тотнем да го ангажира Сандро Тонали, клубот од Северен Лондон испрати и прва понуда вредна помеѓу 75-80 милиони фунти.
Њукасл бара околу 100 милиони за да го продаде Италијанецот, па има уште многу работа.
Како што пренесува новинарот Сајмон Џонс, Сандро Тонали можеби му дал збор на Тотнем и нова соработка со Роберт Де Зерби, но Арсенал му е прв избор.
Па доколку „топчиите“ испратат конкретен предлог, тој лесно може да го одбере лутиот локален ривал на Тотнем, нешто слично како што направи Ебериче Езе минатото лето.
Манчестер Сити и Манчестер јунајтед исто така внимателно ја следат ситуацијата на италијанскиот репрезентативец.