Заврши Мундијалот за фудбалер на Германија кој беше стартер во првите два натпревари!

by Стефан
1 минути читање

Германската репрезентација се соочи со проблем во текот на Светското првенство, откако Нико Шлотербек заработи повреда која ќе го оддалечи од терените во наредниот период.

Според информациите на „Скај“, дефанзивецот на Борусија Дортмунд го завршил настапот на Мундијалот поради скинат лигамент на левиот скочен зглоб. Повредата ја заработил за време на натпреварот против Брегот на Слоновата Коска, а лекарските прегледи потврдиле дека ќе мора да паузира најмалку два месеци.

Ова е удар за селекторот Јулијан Нагелсман, кој во Шлотербек имаше еден од најважните играчи во одбраната. Германскиот репрезентативец беше стартер на двата досегашни натпревари на турнирот, а успеа и да постигне гол во дуелот против Курасао.

На средбата со Брегот на Слоновата Коска беше заменет по првото полувреме, кога на неговото место влезе Антонио Ридигер. Токму искусниот стопер се очекува да ја преземе неговата улога во продолжението од шампионатот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×