Жозе Мурињо и Реал Мадрид веќе ја завршија најголемата работа на трансфер пазарот, но до крајот на преодниот рок имаат два приоритети – ангажман на централен дефанзивец кој е левак, како и на „бокс ту бокс“ фудбалер од средниот ред.
„Кралевите“ ова лето почнаа нов проект со Жозе Мурињо на кормилото и прилично моќно тргнаа на трансфер пазарот.
Се уште е само јуни месец, а „специјалниот“ доби четири засилувања во имињата на Ибрахима Конате, Бернардо Силва, Марк Кукуреље и Дензел Дамфрис.
Често се говори и за „галактико“ засилување со ангажман на Мајкл Олисе, но вчера пристигна соопштение со кое Реал Мадрид се дистанцираше од една ваква зделка.
Се верува дека Флорентино Перез е тој што притиска за ваков трансфер, додека пак Жозе Мурињо има други два приоритети до крајот на преодниот рок.
Португалскиот стратег сака централен дефанзивец кој е левак, како и „бокс ту бокс“ фудбалер од средниот ред.
За првата позиција, Нико Шлотербек од Борусија Дортмунд и Алесандро Бастони од Интер се посочуваат како главни цели.
За втората, односно фудбалер од средниот ред кој подеднакво учествува и во одбрана и во напад, Енцо Фернандез од Чесли е на врвот на листата со желби, зад него е Матеуш Фернандеш од Вест Хем, а во последно време се почесто се говори за Ајуб Буади од Лил, кој импресионира со своите настапи за Мароко на Светското првенство.