Офанзивецот на
Рома, Џенгиз Андер кој игра во фантастична форма, ќе го пропушти првиот дуел од
предвидениот двомеч со Барселона утре вечер во рамките на четвртфиналето од
Лигата на шампионите.
Турчинот нема да
биде во можност да настапи на Камп Ноу, поради повреда здобиена на
интернационалната пауза, додека беше со својата национална репрезентација.
Од друга страна
пак, иако се најавуваше дека нема никакви шанси да настапи, сепак, Раџа
Наинголан ќе патува со екипата во Барселона, пренесе италијанскиот прволигаш.
Тешко дека
Белгиецот би забележал настап по поредата со која се здоби на дуелот против
Болоња изминатиот викенд, но Рома го вметна во составот од 21 фудбалер за утре
вечерниот дуел кој стартува во терминот од 20 часот и 45 минути, реваншот се
игра во Рим.