Вардар закажа уште четири теста, еден против минатогодишниот противник во квалификациите

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Вардар која е на подготовки во Норчија до враќањето на тимот во Скопје ќе одигра уште четири пријателски натпревар.

Досега македонскиот шампион одигра два дуели во кои забележа две победи, а до крајот тимот ќе игра против Селекцијата на Умбрија на 23 јуни, потоа Норчија Калчо на 25 јуни, па Ла Фиорита на 27 јуни и последната пред двомечот со Купс против Виртус на 30 јуни.

Најсериозен тест од овие четири екипи е тимот на Ла Фиорита со кого Вардар играше минатото лето во квалификациите за Конференциската лига во првото коло, тогаш „црвео-црните“, прво ремизираа 2-2, па победија со 3-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×