Медиумите од Италија пренесуваат дека новиот тренер на Милан, Рубен Аморим и се јавил на Страхиња Павловиќ, Мајк Мењан и Адриан Рабио за да ги извести дека се клучни во неговите планови и нема да бидат продадени.
Рубен Аморим штотуку седна на клупата на Милан, но веќе почна активно да го обликува тимот по своја мерка. Како што пренесува „Газета дело Спорт“, тој лично им се јавил на тројца фудбалери за да им каже дека се недопирливи.
Откако веќе се слушнал со Страхиња Павловиќ, остварил разговор и со Мајк Мењан и Адриан Рабио, кои со Франција се на Светското првенство во САД.
Целта била јасна: да им покаже дека ги смета за клучни фигури во новиот проект на Милан. Заедно со Страхиња Павловиќ, тие се меѓу играчите кои не сака да ги загуби под никакви околности.
Кога е во прашање Мајк Мањан, Аморим сакал да стави крај на сите дилеми околу неговата иднина. Иако со месеци се зборува за интерес од големи европски клубови и за тешки преговори околу нов договор, новиот тренер му порачал дека е незаменлив дел од неговите планови. За Аморим, голманот не е само чувар на мрежата, туку и првата алка во градењето на играта, а Мањан совршено се вклопува во таа визија.
Со Адриан Рабио разговорот бил уште поважен. По неговите неодамнешни изјави и неизвесноста околу амбициите на Милан на трансфер пазарот, Аморим сакал лично да го увери дека клубот има јасен план. Му објаснил како го гледа во срцето на еден силен, динамичен и борбен среден ред и побарал од него целосно да се посвети на новата ера што ја започнуваат „росонерите“.