226
Реал Мадрид многу лесно го победи Јувентус во ланското финале од Лигата на шампионите, двата тима сега се среќаваат во четвртфинална пресметка која започнува утре.
„Научив многу во тие пет години во кои бев во Јувентус. Никогаш претходно ја немав напуштено Франција и тие ме пречекаа како фамилија“, вели Зидан.
„Имам многу убави спомени, но сега сум тренер на Реал Мадрид па единствено мислам на мечот“.
„Сум ги искусил и дват тима и мислам дека и двата тима се со слична ДНА, тие сакаат да се борат и да победуваат“.
„Дали еден ден ќе бидам тренер на Јуве? Никогаш не вели никогаш, но среќен сум тука сега и размислувам на Реал Мадрид, не сакам да мислам што може да донесе иднината“.