Французинот за
кратко време се адаптираше на играта на „Каталонците“ по трансферот од Лион и
се промовираше во столб на одбраната покрај Жерард Пике. Неговите одлични
игри го привлекоа вниманието на неколку гиганти, а ниската откупна клаузула дополнително го
прави атрактивен за клубови како Манчестер јунајтед и Манчестер Сити.
Самуел Умтити
може да биде купен за 60 милиони евра, сума која без многу проблеми се
подготвени да ја платат Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.
„Не е само
Манчестер јунајтед, има интерес од неколку клубови, но во моментов не мислам на
ова и фокусот ми е само на Барселона. Во светот на фудбалот работите се
одвиваат многу брзо, но можам да кажам дека сум среќен тука. Сите знаат дека
мојата клаузула не е многу висока, но тоа не ме интересира премногу. Јас само
сакам да уживам на теренот, за се друго ќе му ја мислам понатаму” – вели дефанзивецот.
Барселона сака да
го обнови договорот на Самул Умтити и да ја покаче откупната клаузула, но
играчот во моментов не сака да седне на преговори.
„Не сакам да
навлегувам во оваа тема, од моја страна ништо не е започнато. Можби има интерес
од другата страна, но во моментов нема никакви преговори”.
Иако приоритет на
„Каталонците“ е да го задржат Французинот, тие веќе знаат по кого ќе тргнат
доколку Самуел Умтити замине. Маркињос од ПСЖ е идентификуван како прва цел а за
ова наводно зелено светло дал и Лео Меси.