Колумбија победнички го отвори Светското првенство, предводена од Луис Дијаз, совладувајќи го дебитантот Узбекистан со 3-1 во натпреварот од првото коло.
Фудбалерот на Баерн Минхен беше еден од најзаслужните за триумфот на јужноамериканската селекција, учествувајќи во два од трите погодоци. Во 40. минута Дијаз му асистираше на Муњоз за водство од 1-0, а откако Фајзулиев испиша историја како прв фудбалер на Узбекистан што постигнал гол на Мундијалите, Дијаз во 65. минута повторно ја донесе својата репрезентација во предност.
Конечните 3-1 ги постави Кампаз во деветтата минута од судиското продолжение, потврдувајќи ја заслужената победа на Колумбија.
Со освоените три бода, Колумбијците се искачија на првото место во групата и во следното коло ќе имаат можност да го обезбедат пласманот во нокаут-фазата доколку ја совладаат селекцијата на Конго.
Во вториот натпревар од групата, Гана со минимални 1:0 ја победи Панама во меч кој многумина го оценија како еден од најслабите досега на шампионатот.
Херој на Ганците беше Јиренки, кој го постигна победничкиот гол длабоко во судиското продолжение, во 95. минута.