Ајтрахт Франкфурт
нема право на кикс во продолжението од германската Бундеслига, на шест кола до
крајот се наоѓа на шестото место на табелата, кое води во Лига Европа, а
шансите за Лигата на шампионите се исто така во игра.
Но, ако губи
натпревари како оној вчера против Вердер во Бремен со 2-1, тогаш тешко дека
амбициите и целите на тимот од Франкфурт ќе бидат остварени сезонава.
Во 79. минута при
1-1, Лукас Храдецки имаше таква катастрофална грешка што донесе водство за
домаќините, а воедно и победа на крајот.
Тешко дека
финскиот голман ќе добие нов договор од клубот со чиј актуелен договор му
истекува претстојното лето.
„Грешки во
фудбалот се случуваат, и ќе се случуваат, но кога голманот ќе има грешка,
обично тоа е гол. Сепак, голман од негова класа би требало да знае како да ја
фати топката“ изјави спортскиот директор на Ајнтрахт Франкфурт, Фреди Бобич.
„Шансите за
продолжување на соработката не се големи, мораме реално да ја проследиме оваа
ситуација“ додаде тој.