Аморим ги одредил засилувањата на Милан, но веднаш наиде на проблеми

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека Рубен Аморим побарал ангажман на Мортен Хјулманд и Франсиско Трингао од Спортинг Лисабон, како и Гонзало Рамош од ПСЖ, но веднаш наиде на проблем – нема технички и спортски директор.

Рубен Аморим оваа недела беше именуван за нов тренер на Милан, и ккао што пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио, тој има јасни планови за тоа како треба да изгледаат „росонерите“.

Стратегот ги одредил засилувањата и побарал ангажман на Мортен Хјулманд и Франсиско Тринкао од Спортинг Лисабон, како и Гонзало Рамош од ПСЖ.

Сепак, Рубен Аморим веднаш наиде на проблем, нема технички и спортски директор со кои ќе треба да соработува на трансфер пазарот.

Планот беше во Милано да пристигне Маркус Кроше заедно со Тимо Хардунг, но Ајнтрахт Франкфурт одбил да ги пушти бес обештетување од 10 милиони евра, „росонерите“ не се подготвени да ја плтат оваа сума, па преговорите пропаднале.

Сега Милан треба да бара нова спортска структура, и главното прашање е дали таа ќе ја поддржи фудбалската филозофија на Рубен Аморим. Ако не постои целосна усогласеност меѓу тренерот и новото раководство, португалскиот стратег би можел да се најде во незавидна позиција уште пред да го одработи првиот тренинг во Миланело.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×