Златан
Ибрахимовиќ го имаше своето деби за неговиот нов клуб Лос Анџелес Галакси во
МЛС лигата, шведскиот напаѓач влезе во игра на мечот во 71. минута а само шест
минути подоцна погоди од преку 30 метри, искористувајќи го фактот што
противничкиот голман беше излезен, па го лобуваше.
ЛА Галакси се’
до моментот на влегувањето во игра
на Ибрахимовиќ имаше негатива од 3-0, а Швеѓанецот со вториот гол на мечот во
самата завршница донесе победа од 4:3. Тој имаше интересно објаснување за ремек делото од гол, вели, уморен бил за
да трча со топката повеќе од тоа.
„Се чувствував
како да одиграв 40 натпревари во тие 20 минути, чувствував се’, немав натпревар одиграно подолг период.
Имав еден спринт и почнав да дишам побрзо од нормалното, штом дојде моментот за
вториот спринт, си реков овој пат ќе шутирам, нема да трчам со топката, тоа е
моментот кога топката влезе во голот, си реков, со тоа ќе заштедам од мојата
сила за да останам на теренот уште 15 минути“ рече Ибрахимовиќ.