Да се посмееме, како за први април: Едниот почна да слави, другиот се фати за глава разочаран, а топката „заглави“ во калта (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вокинг и
Маклесфилд одиграа интересен меч во англиската конференциска лига во кој беа
постигнати пет гола, гостите си заминаа со сиот плен од трите бода и победа од
2-3, но тоа што се случи во самиот финиш кога Вајтхед погоди за 2-3 беше доста
интересно.

Во сета конфузна
игра близу казнениот простор на домаќините по неколкуте проигрувања со глава на
фудбалерите на Маклесфилд, топката некако стигна во една опасна зона по која
најпрво стигна до еден од офанзивците на гостите, тој упати удар кон голот на
домаќините, топката го мина голманот и тој веднаш се упати да прослави, иако
истата не ја мина гол линијата, туку застана во калта.

И покрај тоа што
еден од дефанзивците на Вокинг можеше да спречи пораз на својот тим, тој се
фати за глава разочаран од очекувањата дека веќе голот е постигнат, ситуацијата
под будно око ја следеше Вајтхед кој натрча и ја смести топката во гол мрежата
во 90. минута од средбата.

class="twitter-video" data-lang="en">

pic.twitter.com/bZGXV2nHvT

Можно е и ова да ти се допаѓа

×