Икер Касиљас ќе биде голман на Ливерпул?

by
1 минути читање

Симон Мињоле ќе си замине од Ливерпул по крајот на сезоната, па во следната веројатно Касиљас и Кариус ќе бидат двајцата голмани на Црвените.

Касиљас со Порто има обврски до крајот на оваа сезона, а се верува дека негова желба е пред завршувањето на кариерата да се проба и во Премиерлигата.

Прва цел на Клоп била Алисон од Рома, но бразилскиот голман најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид, тоа е многу попримамлива опција за него.

Касиљас има 36-години, па останува да видиме дали тој би бил прва опција на голот на Ливерпул или ќе му послужи на Клоп само да прави притисок врз Кариус со цел тој да не може да се опушти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани