Беше еден од хероите на Мароко во ремито со Бразил, а до неодамна играше за друга репрезентација

by Стефан
1 минути читање

Мароко и Бразил вчера ремизираа 1-1 во првото коло од групата Ц на Мундијалот, а еден од најдобрите на теренот кај Мароканците беше Ајуб Буади.

Талентираниот играч за врска на Лил доминираше во средниот ред и целосно ги надигра бразилските фудбалери. Неговото влијание на теренот беше толку големо што селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, уште на полувремето го повлече од игра искусниот Касемиро, кој не успеа да најде решение за расположениот Буади.

Статистиката дополнително ја потврдува неговата извонредна партија. Буади реализираше 60 од 66 додавања, односно 91 процент успешност, без ниту една грешка во последната третина од теренот. Воедно освои шест топки, пресече пет противнички акции и излезе како победник во девет дуели.

Иако е тинејџер, Буади веќе има сериозно искуство зад себе со речиси 100 настапи во дресот на Лил. Интересно е што до неодамна беше дел од младинските селекции на Франција, минувајќи низ сите возрасни категории од У16 до У21, каде што беше и капитен.

Сепак, на крајот се одлучи да го брани дресот на Мароко. Според француските медиуми, пресудна улога во неговата одлука имал селекторот Мохамед Уахби, кој му ветил значајна улога во националниот тим и место во составот за Светското првенство.

Во мај годинава ФИФА официјално ја одобри промената на неговото спортско државјанство, а кратко потоа Буади се најде на конечниот список на патници за Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×