Јувентус и Милан одиграа возбудливо дерби кое го добија домаќините со голови во финишот од натпреварот. Тимот на Гатузо најави дека се доближува до шампионот, но Јуве е се уште најдобар.
Домаќините одлично го почнаа натпреварот, уште во осмата минута Дибала постигна мајсторски гол од далечина со кој Јувентус поведе со 1-0.
Не помина долго Милан го изедначи резултатот и тоа со гол на Леонардо Бонучи кој не ја штедеше радоста за погодокот против својот поранешен клуб.
Резултатот 1-1 беше актуелен се до десетина минути до крај, кога Хуан Квардадо со глава погоди за ново водство на Јувентус, овој пат од 2-1.
Конечните 3-1 ги постави Сами Кедира во 87. минута од натпреварот.
Со оваа победа Јувентус е поблиску до одбрана на титулата, сега има четири бода повеќе од Наполи кој одигра само 1-1 на гостувањето кај Сасуоло.
Милан е на шестата позиција со осум бода помалку од Интер кој е на четвртото место, последното кое води во Лигата на шампионите.