108
Дербито помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд воопшто не беше неизвесен дуел, напротив шампионот ги прегази милионерите.
А што ја очекува Борусија беше најавено уште во петтата минута од натпреварот кога по асистенција од Милер, Левандовски погоди за водство од 1-0.
Само девет минути подоцна Родригез зголеми на 2-0, а во 23. минута Милер погоди за предност од 3-0.
До одморот Баерн Минхен погоди уште два пати, Левандовски во 44. минута зголеми на 4-0, а во судиското продолжение Рибери реализираше за 5-0 во првото полувреме.
Во вториот дел Баерн Минхен ја тргна ногата од гас постигна само уште еден гол, во финишот Левандовски погоди за негов хет-трик и конечни 6-0.