Вулверхемптон добива нов тренер за новата сезона во Чемпионшип, откако клубот постигна договор со португалскиот стратег Цезар Пејшото.
Според последните информации, двете страни веќе имаат усмен договор за двегодишна соработка, а Пејшото ќе го наследи Роб Едвардс на клупата на англискиот клуб.
Португалецот пристигнува во Вулверхемптон по одличните резултати со Жил Висенте, каде што остави силен впечаток и се наметна како еден од најталентираните млади тренери во Европа.
Пред новиот стратег ќе биде задача да го врати клубот на победничките патеки, а во соблекувалната ќе работи со искусни имиња како Киран Трипиер и Раул Хименез. Официјалната потврда од клубот се очекува во наредниот период.