„Црвените“
забележаа важна победа во трката за топ 4 пласман и местата кои водат во Лигата
на шампионите, со пресврт во вториот дел, избраниците на Јирген Клоп славеа на
Селхрст Парк.
Со удар од белата
точка, Миливојевиќ го донесе Кристал Палас во водство од 1-0, резултат со кој
се замина на пауза. Ливерпул се врати во игра веќе на стартот од вториот дел
кога Мане погоди за 1-1. Гостите стигнаа
до цел плен во 84. минута, Салах доби топка во петерецот и прецизно биеше
за 1-2.
Египјанецот зад своето име го запиша 29. погодок во Премиерлигата, со што го изедначи рекордот на Дидје
Дрогба, кој до сега го имаше статусот на фудбалер од Африка со најмногу
погодоци во Премиерлигата во една сезона. За Мо Салах ова
исто така беше 21-от натпревар во Премиерлигата на кој постигнува гол, со што
се изедначи со Кристијано Роналдо и Робин ван Перси.