Голем удар за Мароко пред стартот на Мундијалот

by 24 фудбал
1 минути читање

Проблеми за Мароко пред почетокот на Светското првенство, откако селекторот остана без двајца стандардни репрезентативци за настапот на завршниот турнир.

Повредите ги оддалечија Ез Абде и Најеф Агерд од мундијалскиот список, па стручниот штаб мораше експресно да реагира и да повика нови имиња во националниот тим. Загубата на Абде и Агерд сигурно не е добра вест за Мароканците, бидејќи станува збор за фудбалери кои имаа значајна улога во репрезентацијата во последните години.

Шанса добија Марван Саадан и Амин Сбаи, кои ќе се приклучат на репрезентацијата и ќе бидат дел од составот за претстојните предизвици на Мундијалот.

И покрај неочекуваните проблеми, Мароко мотивиран влегува во натпреварувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×