BET-IBC совети за обложување: Лидс и Алиоски против Болтон бркаат достигнување старо 20 години

by
5 минути читање

Бидете број 1 во
обложувачкиот свет и отворете обложувачка сметка со најдобриот
Азиски брокер за обложување, кој и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што
да одиграте.

Лидс – Болтон:
Двата тима даваат гол

Лидс на нашиот
Езгјан Алиоски на Еланд Роуд вечерва го пречекува Болтон. Мечот за домаќините
нема некое резултатско значење но затоа пак е од голема важност за гостите, кои
до крајот на сезоната грчевито ќе се борат за опстанок. Во моментов Болтон е на
19. позиција на табелата со шест бода повеќе од Бирмингем и последното место
кое води ранг подолу. Избраниците на Паркинсон се едни од најлошите гости со
само една победа до овој момент и скромни 11 бода. Сепак, Болтон може да се
надева на позитивен резултат со оглед на тоа дека Лидс игра во очајна форма и
од Боксинг Деј наваму има само една победа. „Белите“ го добија првиот дуел оваа
сезона и вечерва ќе бидат фаворити иако традицијата не е на нивната страна.
Лидс последен пат забележал двојна победа над Болтон во сезоната 1997/98 кога
двата тима беа дел од Премиерлигата. Статистиката сепак е на страната
на домаќините, кои немаат пораз на последните шест пресметки со Болтон, славеле на
четири а на два меча резултатот бил нерешен. Исто така, на последните пет меча
се треселе двете мрежи.

Ним – Валенсиен:
Победа на домаќинот

На „Стад Д
Костјер“, Ним го пречекува Валенсиен во натпревар на кој домаќините уште од
самиот почеток ќе ги нападнат трите бода. Ним е на втората позиција на табелата
и во последните осум кола треба да го задржи ова место кое директно носи
промоција во најсилното првенство на Франција. Домаќините пукаат од
самодоверба, имаат четири победи во серија, играат одличен офанзивен фудбал, со
61 гол до овој дел од сезоната се најпрецизниот тим во Лиг 2 а ги имаат и
двајцата нјдобри стрелци во својот тим. Листата ја предводи Бозок со 22
погодока а зад него е Алиуи со 12 гола. Валенсиен пак не може да се пофали со
некоја добра форма, од последните пет меча има само една победа и три порази во
низа. До крајот на сезоната ќе се бори за опстанок и со оглед на тоа дека на
последните шест пресметки со Ним има само едно реми и дури пет порази, вечерва
нема што да бара. Ним ќе се радува на нова победа, а Валенсиен ќе се фокусира на тоа како да освои три бода во следното коло кога гостува кај фенерџијата
Тур.

BET-IBC исто така
ви нуди шанса да с
тавите највиско облози со најдобрите коефициенти преку најдобриот агент за обложување

Динамо Букурешт –
Јувентус Букурешт: Победа на домаќините

Во локалното
дерби, Динамо го пречекува Јувентус во 3. коло од плеј-офот во најсилното
првенство на Романија. Домаќините со 3 бода се на првото место на табелата,
додека пак гостите со 10 бода го завземаат последното место. Двете пресметки од
регуларниот дел во сезоната му припаднаа на Динамо и тоа со идентични 3-0, па
гигантот и вечерва влегуа како голем фаворит. Избраниците на Брату на домашен
терен немаат загубено од средината на ноември, но исто така со месеци немаат
сврзано две победи пред своите фанови, последен пат тоа се случи во 2017.
Гостите со позитивна атмосфера влегуваат во овој натпревар откако во минатото
коло славеа во пресметката со Поли Тимишоара, но реализацијата останува
проблем. Во 2018, Јувентус има постигнато само еден гол. Мала утеха е тоа што
дефанзивата игра на потребното ниво и дозволи само три гола во сопствената
мрежа. Па за очекување е нов тврд натпревар, особено поради тоа што Динамо веќе
во вторник го игра дербито со Ботошани, ривалот која им е главен кандидат за титулата.
Но во секој случај, трите бода ќе останат кај домаќините.

Торонто – Солт Лејк:
Победа на домаќинот

Актуелнит шампион
како уште да има мамурлук од минатата сезона, па оваа немаат дадено гол и се
немаат радувано на победа. Па Торонто оди на триумф против Солт Лејк за да
избегне срам и испишување на негативна историја, ниту еден шампион не ја отворил
сезоната со три порази во серија. Избраниците на Грег Вани во 2017 како од
шала даваа голови, во регуларниот дел од сезоната постигнаа 74, но сега
Џовинко, Алтидоре и останатите како уште да се во зимски сон, иако во Лигата на
шампионите постигнаа четири погодоци во двомечот со Тигрес овој месец. Торонто
треба оваа голгетерска форма да ја пронајде и во МЛС и пресметката со Солт Лејк
е одлично место за почеток. Гостите знаат да одиграат променливо, со многу
пропусти во одбраната, како што беше дуелот со новајлијата Лос Анџелес ФК, кога
примија дури пет гола пред своите фанови. Солт Лејк може да се пофали со добар
меѓусебен скор, има дури четири победи на последните шест пресметки со Торонто,
но за очекување е вечерва домаќините да се радуваат на првата победа во 2018.

За да заштедите
време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на VIP
платформа за обложување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани