31 годишниот
офанзивец Мохамед Ал-Салави во наредните три седмици ќе тренира со англискиот
гигант Манчестер јунајтед, а ова за него ќе биде додатна можност да биде дел од
професионални тренинзи кои би му ја „набилдале“ формата на напаѓачот кој има
постигнато 28 погодоци на 36 натпревари за селекцијата на Саудиска Арабија.
Како што се
наближува крајот на сезоната во шампионатот на Саудиска Арабија, Ал-Салави
својата форма ќе ја темпира тренирајќи под кормилото на Жозе Мурињо, а ова се
должи на дел од програмата за развој на спортот во Саудиска Арабија.
„Ова е голем
договор за нас со клуб како Манчестер јунајтед, Мохамед Ал-Салави ќе тренира
три недели со гигант. Се надевам дека тој ќе извлече голем бенефит од ова. Оваа
соработка е дел од постоечка програма која ние ја имаме за развој на спортот во
Саудиска Арабија“ рече Турки Ал-Сеик, министерот за спорт на таа земја.
Саудиска Арабија
во групата „А“ е во друштво на Египет, Уругвај, и домаќинот на Светското
првенство, Русија.