Иско веројатно ја игра последната сезона во Реал Мадрид, тој нема доверба од Зидан, многумина сметаат дека не ги добива минутите кои ги заслужува. Треба да биде стандарден првотимец, но тоа не е случај. Повремено е стартер, но најчесто почнува од клупата.
За разлика од Реал Мадрид, за шпанската репрезентација го нема тој проблем. Синоќа најдобро го искористи таквиот момент, постигна три гола, а потоа искрено си кажа што мисли.
„Бидејќи немам континуитет во Реал, натпреварите во репрезентацијата ми даваат живот и сила. Тука чувствувам доверба од тренерот, додека во Реал можеби ја немам. Сакам да покажам дека сум добар фудбалер и затоа имам вакви одлични натпревари како овој“, вели Иско.
„Селекторот Лопетеги со минутите кои ми ги дава на теренот покажува доверба во мене. Истото го немам во Реал Мадрид кој има други фудбалери. Можеби проблемот е во мене што не сум знаел како да се изборам да имам доверба од Зидан“.
Последните шпекулации поврзани со Иско велат дека Гвардиола е подготвен да го направи најскапиот трансфер во историјата на Манчестер Сити за да го донесе шпанскиот фудбалер.