Фудбалерот на
Барселона, дефанзивецот Самуел Умтити е на добар пат да се пресели во редовите
на Манчестер јунајтед.
24 годишниот
Французин има важечки договор со каталонскиот клуб до 2021. година, но тој веќе
подолг период се поврзува со трансфер во премиерлигашот од „Олд Трафорд“.
Неофицијално,
Умтити има барање до Барселона за заработка од околу 170 илјади евра неделна плата, за да
остане во клубот, што на годишно ниво изнесува до девет милиони евра, а наводно
овие детали веќе се подготвени од страна на Манчестер јунајтед за да се
задоволат финансиските барања на Французинот.
„Спорт“ пренесе дека
Жозе Мурињо лично му ги предложил условите на Умтити, кои Манчестер јунајтед му
ги нуди во еден приватен телефонски разговор.