Почина легендата на Челси која 45 години го држеше рекордот за најмногу голови

by 24 фудбал
1 минути читање

Челси остана без уште една од своите најголеми легенди, откако на 84 годишна возраст почина Боби Тамблинг, човекот чие име со децении беше синоним за голови на „Стемфорд Бриџ“. Тажната вест ја потврди лондонскиот клуб, кој со емотивни зборови се прости од поранешниот напаѓач и миленик на навивачите.

Фудбалот беше неговиот живот, а Челсси беше неговиот вечен дом, немаше место каде што беше посреќен од тоа да биде на Стемфорд Бриџ каде што разговара за фудбал со навивачите. Ќе ни недостига многу“, соопштија од Челзи.

Тамблинг остави огромна трага во историјата на клубот и долго време беше недостижна фигура на листата на најдобри стрелци. Неговиот рекорд опстана 45 години, сè до моментот кога Френк Лампард во 2013 година стана нов рекордер на „сините“.

Покрај головите, Тамблинг ќе остане запаметен и по успесите кои ги оствари со клубот. Во текот на кариерата освои ФА Куп, како и Лига куп на Англија во 1965 година, а неговото наследство и денес има посебно место меѓу навивачите на Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×