Шпанскиот гигант ова лето сака да ангажира нов лев бек, а изборот паднал на Лук Шо. Играчот кој има голем потенцијал, но нема вистинска шанса од Мурињо.
Поради неговата ситуација на Олд Трафорд, Шо одбива да потпише нов договор, а неговиот актуелен на лето ќе влезе во последната година.
Тој сигурно ќе го напушти Манчестер јунајтед, но дали неговата ситуација ќе се подобри во Барселона е тешко да се поверува бидејќи Каталонците го имаат Жорди Алба.
Замената на Алба, Лукас Дињ слично како и Шо би требало да замине од Камп Ноу во потрага по поголема минута. Англичанецот би дошол на негово место и од клупата би ја чекал својата шанса.
Дали има вистина во овие шпекулации на Мирор, останува да видиме во наредниот период, она што е многу веројатно е дека Шо ќе го напушти Манчестер јунајтед, а Барселона ќе ангажира нов лев бек.